По 16 дена борби, натпревари, возбудувања и доделувања на медали, денеска завршија 23. Зимски Олимписки игри во Јужна Кореја. Церемонијата за разделба беше одново прекрасна, а освен поздравите и дефилето, содржеше и концерт на Мартин Герикис.

3000 спортисти си заминуваат во своите земји, а најзадоволни се Норвежаните кои поставија нешто невидено за овие настани со 39 медали (14 златни, 14 сребрени, 11 бронзени) што е апсолутен рекорд на Зимските Олимпијади. Освен нив презадоволни се и Русите кои утринава дојдоа со огромен пресврт до златниот медал на машкиот хокеарски турнир откако во финалето во продолжение ја победија Германија со 4-3. Ова е прво злато за Зборнаја како самостојна земја и по распадот на СССР.

Следните Олимписки игри се летни и во 2020 година се одржуваат во Токио, а и наредните зимски се на далечниот исток, во Пекинг во 2022 година, што е незапамтено во аналите на ИОК кој, за прв пат олимпиското движење и најврвните спортски настани во половина декада ги лоцира на многу мал простор.