Дипломатско фијаско, на Нимиц (78) му откажаа пола соговорници

Специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН Метју Нимиц , кој има речиси 80 години и над 50 години дипломатска кариера, за време на посетата на регионот засега му откажаа половината од планираните 6 соговорници.

Откако завчера се сретна со претседателот Иванов а вчера со премиерот Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров на Нимиц му остана време да се прошета низ Скопје и можеби да отиде во Солун.

Во овој град каде што досега неколку пати се воделе преговори за името живее неговиот добар пријател бизнисменот Никос Ефтимијадис со кого се пријатели повеќе од 3 децении од времето кога Нимиц бил инволвиран во решавање во Кипарското прашање.

Причината за подолгото слободно време на Нимиц се одложувањето на средбите кои што требаше да ги има во Атина со премиерот Ципраси и министерот Коѕиас кој учествува на рамковните разговори  за обединување  на Кипар. (читај тука зошто се одложени средбите во Атина)

Средба со медијаторот, кој во процесот со цел да се дојде до национален консензус сакал да ги вметне и најголемата опозициска партија и ДУИ, според агенцијата Макфакс одбил и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.