Полицијата го главниот град на Данска , Копенхаген интензивно ги бара убијците на 16 годишно момче од Македонија кое што во понеделникот било убиено со неколку куршуми од страна на група млади луѓе.
Тинејџерот бил прогласен за мртов откако брзата помош не можела да му го спаси животот.
Полицијата сега апелира до неговите другарчиња да информираат за било каков детал кој може да го расветли случајот но засега никој не се јавил со информации.
Местото на убиството во Копенхаген е познато како локација каде често се случуваат инциденти поврзани со организираниот криминал а полицијата не може да потврди ниту да негира дека момчето е жртва на престрелка меѓу две криминални банди.
Во Копенгахен според полициски извори се води војна меѓу бандата „Лојални на фамилијата“ и друга банда која што е активна во населбите Мјолнерпарк и Неребро.
Тинејџерот според полицијата се враќал од спортски активности во блиското училиште кога бил пречекан од неколку млади луѓе кои пукале во него по што влегле во возило и заминале во непознат правец.
Момчето кое било единец е од албанска националност а пред да дојде во Данска со своите родители живеело во Македонија.