Гугл ги дискриминира жените

Три жени кои работеле во Гугл поднеле тужба против технолошкиот гигант, тврдејќи дека на жените им плаќа помалку од мажите за иста работа.

Во тужбата се вели дека компанијата е свесна за таквата практика, но не презела ништо да го исправи тоа.

Фирмата, исто така, е под истрага на американското Министерство за труд за родова дискриминација на штета на женскиот пол при одредување на платите.

Тужбата доѓа во време кога Силиконската долина се соочува со зголемен надзор на родовите односи.

На почетокот од летото Гугл се најде на насловните страници, кога висок висок претставник на компанијата јавно ја критикуваше практиката на вработување.

Гугл, подоцна го отпушти.

Трите жени, Кели Елис, Холи Пис и Кели Висури, тврдат дека од 2005 до 2016 година, додека работеле во „Гугл“, компанијата ги дискриминирала и продолжува да врши дискриминација врз вработените жени со тоа што вработените жени ги плаќа помалку од мажите со слични кфалификации, искуство и обврски, како што стои и во тужбата, пренесува „Форбс“.

Меѓу вработените во компанијата, 69 отсто се мажи и само два отсто се афроамериканци, пишува лондонски „Гардијан“. На само 20 отсто од техничките работни места се вработени жени.