Грчев сака да ги урива и Скендербег и споменикот на УЧК

Шефот на комисијата за ревизија на проектот „Скопје 2014“ при министерството за Култура и висок член на СДСМ, Мирослав Грчев, во вечерашното гостување на Канал 5 изјавил дека комисијата има ист однос кон сите споменици, без разлика дали се македонски или албански.

Според него треба да се урнат и спомениците на Скендербег и УЧК затоа што се поставени од општината, а не од Собранието кое единствено има надлежност да поставува споменици.

“Ви гарантирам дека за тие споменици препораката ќе биде да се отстранат, а местото да се врати во првобитна состојба”, рече Грчев.

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев вчера во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, демантираше дека за македонската нација и јазик рекол дека се измислени и создадени во 1943 година.

“Ова не е цитат, ова е злоупотреба. Јас кажав дека во рамките на југословенскиот државен проект е созадена македонската држава во која се еманципирани нацијата, јазикот и идентитетот”, рече Грчев.