Груевски откри како Грција сака да го реши спорот со Македонија

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во интервју за телевизија Алфа вечерва изјави дека неговата партија била на чекор од договор со Бугарија но дека не сакала да се откаже од македонското малцинство таму и дека не можела да прифати јазикот да се именува „согласно уставот на РМ“.

За разлика од ВМРО – ДПМНЕ , сегашната влада сакала договорот кој е преговаран со години да го прифати уште на првата средба но ПР експерти го спречиле Заев да потпише од прва.

Договорот со Бугарија за кој опозицијата побара референдум е проблем и во односите со Грција затоа што сега и Атина ќе бара решавање по истиот урнек како тој со Софија, вели Груевски.

Груевски во интервјуто за Алфа откри дека за време на последната средба со грчкиот министер за надворешни работи на Грција во седиштето на партијата, Коѕиас му рекол дека сака спорот со името да се реши како што е решен со Бугарија.

Лидерот на опозицијата на Коѕиас му рекол дека може да му честита за договорот на Бојко Борисов затоа што тој го остварил тоа што му е план но не може да му честита на македонскиот премиер затоа што направил договор штетен за македонските национални интереси.