Голден Стејт го уништи Сан Антонио за водство од 2-0

Сан Антонио во Оуклен утринава претрпе пораз од 136-100, кој во основа е еден од најтешките во нивната историја, по што, иако се одиграа само два меча од западното финале во НБА, заклучок е дека тимот од Тексас, тешко ќе се врати во оваа серија.
Без Тони Паркер и Каваи Ленард, Спарси брзо и прелесно се предадоа во мечот во Орикл центарот. Губеа по една четвртина со 17, по две со 28 разлика, а потоа таа најчесто беше над границата од 30 поени.

Во Голден Стејт немаше особено истакнати поединци, но причина за тоа е нерамноправниот дуел и отсуството на потреба Вориорс да форсираат со ѕвездите.  Во таа ситуација Стеф Кари имаше 29 поени, од тоа 8 тројки, а уште 6  негови колеги беа двоцифрени, додека кај Сан Антонио само Симонс со 22 и Бертранс со13 коша беа над просекот.