Во битката на атлетските титани Џастин Гетлин беше подобар од Усеин Болт во трката на 100 метри на Светското превнество во Лондон со што пропадна шансата за незаборавно испраќање на молњата од Јамајка во пензија. Болт беше слаб во стартниот блок и тоа не успеа да го надополни до финишот. Џастин Гетлин ги издржа сите свирежи од гледалиштето и со време од 9,92 прв ја мина целта, втор беше неговиот сонародник Крис Колмен со 9,94, а Болт дури трет со време од 9,95.

Очекуваното шоу пропадна, гледачите не беа најкоректни, но Американецот кој веќе беше фатен со допинг и требаше да биде суспендиран доживотно, слави, а се додека не се покаже и докаже дека има нешто неспортски, неговиот триумф е официјален.

И покрај поразот по трката Усеин Болт беше во центарот на вниманието, а тој како голем спортист му честиташе на Гетлин кој се поклони пред најголемиот на сите времиња.

Погледнете ја последната трка на Болт.

https://youtu.be/M22EkkKopVc