Криминалот на СДСМ и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија, а таков е и последниот на „Фридом хаус“ според кој македдонија назадува во борбата против корупцијата и во унапредувањето на владеењето на правото.

„Корупцијата е главен проблем во државата и претставува главен проблем, како на домашната јавност така и на меѓународната заедница е нотирано вo Извештајот. Како пример се наведува црната листа на САД, на која се најдоа политичари од власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Измените на КЗ кои како ВМРО-ДПМНЕ ги критикувавме исто така се посочени како негативен пример.
Правосудниот систем, за чија контаминираност одамна зборуваме е исто така мета на критика на Фридом хаус, кој забележува дека судството не може да се спротивстави на политичкиот притисок на власта.
Со СДС Македонија 7 години назадува.
Време е да се запре пропаста. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда. Народот ќе си ја врати државата“, велат од партијата.