Попладнево (17.45) во арената Борис Трајковски во Скопје се игра првото големо ракометно дерби меѓу Металург и Вардар. Истото е дел од воведот во СЕХА лигата во која црвено црните се последни победници, а и фаворити со оглед на силниот состав кој во мај и јуни ги освоија сите можни титули. Но ако има некој што знае да ги запре Европските прваци, тоа е Металург кој со обновен состав влегува во сезоната за која е неизвесно што може да донесе, а се би можело да биде појасно токму по денешната пресметка.