Бугарски медиум не нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија

Пропуст или намерна провокација, теко е да се каже, но во текст кој информира кога почнува учебната година во Бугарија и во други земји се провлече сериозна грешка и тоа токму во пресрет на денешната посетата на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов на Македонија.

„Деновиве, на почетокот на септември започнува учебната година во голем број земји во Европската унија – Белгија, Естонија, Ирска, Латвија, Литванија, Полска, Словенија, Унгарија, Франција и Чешка, како и други европски земји, како како Босна и Херцеговина, во поранешна Југословенска Република Македонија, Србија, Црна Гора и Руската Федерација“, стои во образовниот напис.

Се чини уредништвото на „Новините“ заборави дека Бугарија е прва земја која ја призна Република Македонија под уставното име во 1992 година, иако остана контрверзата дали дали го призна и македонскиот народ и јазик.

Во соседството, постои шаренило во именувањето на нашата земја. За Грција, која од осамостојувањето го оспорува името и бара прекрстување сме северен сосед, ПЈРМ, Скопје…

Албанија ја призна Македонија како Поранешна Југословенска Република без најави во доглдна иднина да го смени тоа, со објаснување дека така сме примени во ОН.

Србија не призна како Република Македонија иако за тоа и требаа пет години по осамостојувањето. Во наплив на бес, често се случува српски политичари направат дилетански излети дури и во официјални излети и да јанаречат Македонија ПЈРМ или да се заканат дека ќе го повлечат признавањето на уставното име и ќе ја следат меѓународната позиција по тоа прашање.