Победничката низа на најголемиот шампион во историјата на лигата се уште трае откако Селтикси го победија Торонто со 95-94 и сега со 12 врзани успеси се први на истокот пред Детроит кој, исто, има одлично отворање на сезоната кое е потврдено и со славјето со Мајами од 112-103. Нивни пандан на западот е Хјустон кој за 11 триумф од почетокот на шампионатот, а шести последователен, беше подобар од Индијана со 118-99. Во него Џејмс Харден имаше 26 поени и 15 асистенции.
Ова инаку е петтата најдолга победничка серија на екипата од ТД Гарден која има 17 титули и низи од 19, 18, 17 и 16 триумфи по ред. Далеку најдолга серија во историјата на НБА е таа на ЛА Лејкерс од сезоната 1971/2 година кога „Езерџиите“ наредија 33 победи.