Тоне капацитетот и продуктивноста на работна сила, бидејќи не се развиваат политиките за зачувување на работниците, но и за нивна безбедност на работните места, смета Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата. Токму поради ова, бизнис секторот се труди новата Влада да ја убеди дека е неопходно носење на нов Закон за работни односи.
Според Бошков, новиот Закон треба да биде и применлив и за бизнис секторот, односно да е фер и кон работниците и кон работодавачите. Заменик министерот за труд и социјална политика, Марјан Ристески потврдува дека веќе се прават анализи за законот кој подолго време беше во фиока.
Голем дел од работниците во реалниот сектор не си ги знаат своите права, ниту пак имаат доверба во синдикатите. Недовербата и кон институциите кои треба да им ги штитат работничките права е една од причините за заминување на младата работна сила од земјава. Токму поради ова и големите компании постојано имаат отворени огласи за вработување, а на пазарот на трудот најбарани се работници во градежништвото и угостителството.
Целиот текст прочитајте го тука.