Безмалку милион туристи регистрирани лани во Македонија

Бројот на туристи што престојувале во Македонија во 2017 година достигна речиси еден милион, поточно 998.841, што претставува зголемување од 16,6 проценти во однос на годината пред тоа.

Во истиот период бројот на домашни туристи се зголеми за 6,3 отсто и достигна 368.247, а бројот на странски туристи се искачи на 630.594 или 23,5 отсто повеќе од 2016 година.

Зголемен е и бројот на ноќевања за 12,8 проценти, достигнувајќи 2,77 милиони во наведениот период.

Само во декември минатата година е забележан раст на бројот на туристи што ја посетиле Македонија за 22,6 проценти во однос на истиот месец претходната година, достигнувајќи 51.599, од кои 32.891 од странство.

Од вкупниот број странски туристи во декември, најголем дел или 20,9 проценти отпаѓаат на тие од Бугарија, 12,8 отсто се од Грција и 9,3 отсто од Србија.