Бајден: Распад на НАТО би бил катастрофа за целиот свет

Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече можноста за колапс на НАТО „катастрофа“ за Соединетите Американски Држави, за Европската унија и за целиот свет.

„Најлошото нешто што можете да замислите е НАТО да почне да се распаѓа, што би било катастрофално за САД, за Европа и за целиот свет“, изјави тој во интервју за ТВ каналот „Унивизион нотисиас“.

САД и нивните сојузници „беа во можност да го прошират НАТО, а со приклучувањето на двете нордиски земји во Северноатлантската алијанса добивме уште две илјади милји граница“, додаде шефот на американската држава.

„Имаме цела група земји од НАТО на границата со Русија“, нагласи Бајден.