Примера шампионатот во оваа едиција има невообичаен тек и ретко видена, всушност досега невидена ситуација, според која еден од големите конкуренти и најуспешни екипи во Шпанија има така висока предност.

По славјето кај Реал Сосиедад вчера, а тоа е по 19 кола и токму на средина од сезоната (Шпанците немаат класичен прекин меѓу двата дела), Барселона има 51 бод, а Реал Мадрид по новиот пораз доживеан во саботата дома од Вилјареал остана само на 32.

„Кралевите“ имаат една средба помалку и не е исклучено да слават против Леганес во заостанатиот дуел, но тоа одново ќе бидат 16 разлика за Барса, што повторно е најголемата разлика во полза на еден од ривалите во 87 години долгата историја на Ла Лига и на епскиот фудбалски двобој.