Апасиев прашува на кој Никола Димитров Да му веруваме?

Професорот Димитар Апасиев прави споредба мегу ставовите на Никола Димитров од 2006 година, кога беше преговарач во спорот за името и сега кога е министер за надворешни работи.

„Во 2006 година, како тогашен демонстратор на „Јустинијан I“, учествував во студентски проект раководен од проф. Шкариќ од којшто произлезе и првата книга посветена на овој апсурден „спор“. Меѓу десетиците интервјуа, имавме разговор и со тогашниот преговарач во спорот за името Никола Димитров, каде што тој кажа: „УСТАВНОТО ИМЕ е последен столб на државноста и ако Република Македонија го промени под меѓународен притисок ќе се помине линијата на нашето достоинство“.

Сегашниот Министер за надворешни работи Никола Димитров, пак, вели: „Подготвени сме за име со географска одредница“!?“ – пишува Апасиев на Фејсбук.

Под овој статус Апасиев приложува и РЕЗИМЕ од средбата со Никола Димитров каде е потенцирано дека во неформалниот дел од разгворите со студентите тој го соопштил горенаведениот став дека уставното име е последниот столб на државноста.