Американските ловци на лажни вести открија Велешанка што помагала на Трамп

Групата „Alt US Cyber Command“ бара од сопственикот на Фејсбук Марк Цукреберг да преземе мерки против велешанка која што учествувала во ширењето на лажните вести поради кои според Хилари Клинтон на претседателските избори во САД во ноември победи Доналд Трамп

„Alt US Cyber Command“ која на социјалните мрежи се претставува како „горд бранител на САД против изборни упади“ дошла до дигитални информации кои докажуваат дека велешанката чие име Expres.mk нема да го објави поради заштита на приватноста, била дел од таканаречените „Фарми за содржина“ преку кои се влијаело на изборите во САД.

Оваа неформална група која што за себе вели дека е чувар на земјата во информативна војна дома и во светот предходно минатиот месец откри Велешанец кого што го пријави во американското разузнавање откако во разговор со него тој понудил да згасне една група преку која што пласирал вести во САД за одредена сума пари.

По неколкуте истраги за активностите на велешките хакери и сопственици на „фарми на содржина“ социјалната мрежа Фејсбук затвори триесетина свои групи во кои сопствениците од Велес вложиле стотици илјади долари за реклама.

Според дел од тврдењата на американски медиуми и официјални лица блиски на демократите и на Хилари Клинтон во организирањето и координирањето со велешките групи своја улога имале руски преставници.  Според други извори велешките хакери немале никаква врска со политички фактори туку единствена цел им било да заработат пари од членовите на групите на социјални мрежи кои што коментирале за време и по изборите во САД.