Амбасадата на САД во Скопје одговори на жешки прашања од австралиски новинар

Австралискиот новинар од македонско потекло Саша Узунов на социјалните медиуми објавува интервју кое го направил со претставници на американската амбасада во Скопје во врска со политичките случувања во Македонија.

Узунов кој според прашањата е опседнат со наводното српско етничко потекло на дел од македонските новинари и политичари, во својот пост на Фејбук каде го објавува целото интервју вели дека амбасадата одбила да направи интевју пред камера но одговорила на неговите прашања.

„Го одбиваме вашето барање за интервју пред камера. Во прилог ви ги испраќаме одговорите на вашите прашања. Како лице кое што ги дало одговорите можете да ме споменете мене Лаура Браун, портпарол, Амбасада на САД во Скопје“ , се вели во одговорот што Узунов го добил од амбасадата кое тој го објавил на 22 овој месец.

Целото интервју:

Узунов: Зошто САД финансира или поддржува луѓе со српско потекло во Македонија (како на пример Борјан Јовановски, Павле Богоевски, Бранимир Јовановиќ, Радмила Шеќеринска и други) кои што го напаѓаат македонскиот идентитет. Дали амбасадата на САД и УСАИД се свесни дека ваквите напади се расистички? 

Амбасада на САД: Ние финансираме организации не поединци. Го признаваме правото на секое лице да го артикулира својот идентитет

Узунов: Амбасадата на САД остана главно молчалива во врска со албанските националистичи споменици во Македонија особено за статуата на нацистичкиот соработник Џемо Хаса која што е подогната во селото Симница во близина на Гостивар. Зошто? 

Амбасада на САД: Ние не коментираме споменици во Македонија. Тоа се сензитивни прашања за луѓето од оваа земја кои што треба да ги решат меѓусебно.

Узунов: Многу од граѓанските организации финансирани од УСАИД намерно се фокусирани на македонските споменици а ги игнорираат албанските споменици. Зошто?

Амбасада на САД: Види го оговорот даден погоре. Сметаме дека заедниците треба да зборуваат за себе.

Узунов:Многу од поддржаните или финансираните активисти во Македонија од страна на САД и УСАИД  со српско потекло одбиваат да протестираат пред српската амабсада во Скопје во врска со српскиот национализам но го напаѓаат таканаречениот македонски национализам. Дали е тоа очигледно шовинистичко и расистичко однесување?

Амбасада на САД: Во врска со прашањата за идентитетот ние оставаме заедниците да зборуваат за себе.

Узунов: Каква улога има  УСАИД во тајно сместување на илегални мигранти во Македонија преку организацијата „Асоцијација на млади правници на Македонија“?

Амбсада на САД: Немаме информации за ниту една програма која што тајно населува мигранти во Македонија. Нашето финансирање на АМПМ е прашање за кое јавноста е информирана и постојат јавни извештаи за тоа.

Узунов: Сеуште постојат контраверзи во врска со изборот на Талат Џафери за спикер на парламентот. Се шпекулира дека амабсадорот на САД Бејли имал специјално распоредување на маринци на САД кои што ја штителе неговата резиденција пред инцидентот во Собранието на 27 април 2017 година што сугерира или имплицира некаков вид соучесништво. Дали овие шпекулации се вистинити?

Амбасадата на САД: Амбсадарот Бејли не беше во Скопје на 27 април туку во САД. Маринците не ја чуваа неговата резиденција.

Узунов: Се шпекулира дека амбасадарот на САД Бејли и некои западни дипломати биле собрани и чекале во фоајето на хотелот Мериот во Скопје додека не бил избран Џафери по што побрзале да му честитаат, што сугерира предходна координација и планирање. Дали е ова точно?

Амбасада на САД: Амбасадорот Бејли не беше во Скопје на 27 април. Многу дипломати таа вечер присуствуваа на приемот по повод Националниот ден на Холандија во хотелот Мериот.

Узунов: Локалните избори на 15 октомври во Македонија остануваат круцијални затоа што тие се гледаат како можност за сегашната влада на СДСМ доколку победи, да добие зелено светло да го направат албанскиот јазик втор официјален јазик што ќе води до неизбежна федерализација и евентуална поделба на Македонија како и промена на името за да ја задоволи Грција. Шпекулациите велат дека УСАИД и ОТИ ќе финансираат граѓански организации за време на изборите со цел да победи СДСМ. Дали е ова точно?

Амбасада на САД: Ние ја поддржуваме унитарноста и територијалниот интегритет на Македонија и тоа го правиме 26 години. Овде е е скорешната изјава на амбасадорот бејли во врска со законот за јазиците. За повеќе информации во врска со нашите програми за помош ве молиме видете на  https://www.usaid.gov/macedonia.

Узунов: САД го поддржува бугарскиот договор со Македонија кој што јасно го негира македонскиот идентитет. Зошто?

Амбасада на САД: Овде е изјавата на Стејт Департментот која што ја објаснува нашата поддршка за договорот: https://www.state.gov/r/pa/prs/ps/2017/08/272975.htm.

Узунов: Хрватска беше под притисок на САД и ЕУ да го тргне ветото кон Србија за влез во ЕУ но САД не го стори истото со притисок врз Грција да го тргне своето вето кон Македонија. Зошто е оваа пристрасна политика?

Амбасада на САД: САД го поддржуваат процесот во ОН за Грција и Македонија да најдат взаемно прифатливо решение за прашањето за македонското име. Ние ни сакале да се реши ова прашање за да можат граѓаните на Република Македонија да ги реализираат нивните амбиции да влезат во НАТО и ЕУ. Не е до нас да коментираме за прашања за Србија и Хрватска.