Ако Христијан одбива да оди во Собрание – виси владата на Заев

По најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција пред Собранието дека пратеничката група на партијата и натаму нема да учествува во работата на законодавниот дом, поради притворот на пратениците Радио Слободна Европа излезе со наслов дека власта останала без  мнозинство  во Собранието.

Во Собранието по паузата за празниците на денешната седница требаше да се расправа за назначувањето на тројца нови судии во Уставниот суд и за законот за употреба на јазиците, но поради немањето кворум, односно присуството на само 52 пратеници седницата беше одложена за во четврток.Лидерот на ВМРО Хистијан Мицкоски посочи дека 12 проценти од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат во притвор каде се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам, при што нивните човекови права биле прекршени, а власта ги прегазила законите демонстрирајќи сила врз народните избраници.„Во овој момент како што кажавме во соопштението нема демократски услови за учество во работата на Собранието.
Првиот момент кога истите тие ќе се овозможат тогаш нашите пратеници ќе дејствуваат според она што претходно ќе го координираме како партија и ќе биде за интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече тој.И народниот правобранител ги констатирал повредите врз правата на пратениците и сето тоа е доказ дека во Македонија има класичен политички прогон и злоупотреба на институциите за пресметка со неистомислениците и оние кои се спротиставуваат на анти државните политики на власта.„Власта е таа која треба да избере помеѓу реформите и просперитетот од една страна и политичкиот прогон и пресметките со неистомислениците. Власта е таа која има одговорност да ги одреди приоритетите“, порача Мицкоски.

Барем две партии на Албанците во Македонија, коалиционата АА на Зијадин села и Движењето Беса кое минува низ внатрешни пресметки и кое ја поддржувше владата, во моментов не се сигурни поддржувачи на политиките на актуелниот премиер.