Новиот претседател на Еквадор, Ленин Морено знае дека тоа што го чинел Џулијан Асанж е недозволиво и го нарекува хакер, но смета дека и тој има човечки права, а неговата земја тоа нема намера да му го ускрати. Морено во април го наследи Рафаел Кореа кој пред пет години му овозможи азил на австралискиот новинар и тој од тогаш е во еквадорската амбасада во Лондон.

По откривањето на тајни документи на неговата мрежна страница Викилкс, Џулијан Асанж долго беше најбараниот човек од службите на безбедност на Соединетите Американски држави и нивните сојузници. Тој во 2012. година успеа да се смести во амбасадата на Еквадор  и од тој момент не излегол од неа. Еквадор односно новиот претседател Морено најавија дека ќе побараат начин да го преместат интернет активистот во Јужно-Американската земја, но Велика Британија стои на ставот дека ќе го уапси Асанж ако тој излезе од амбасадата и дека ќе го предаде во САД.