Поранешниот градоначалник на Њујорк, адвокат и пријател на Доналд Трамп, Рудолф Џулијани, смета дека првостепената пресуда на Судот на Босна и Херцеговина изречена против претседателот на Република Српска е политички прогон.
„…тоа е дел од политичкиот прогон што го спроведуваат демократите, Бајден и левичарите кои се наклонети кон комунизмот, луѓе кои не ја почитуваат слободата на говорот и постојано го газат, а во исто време ги обвинуваат своите противници дека се неонацисти и фашисти.
А, всушност, токму тие прават фашистички и неонацистички работи“, рече Џулијани, кој во моментот на пресудата на Судот на БиХ против претседателот Додик беше во Република Српска. Како што додава тој, овој случај се однесува на различното толкување на Додик на договорот со кој се регулира позицијата на Република Српска.
Џулијани жестоко го нападна и Стејт департментот поради пресудата против претседателот на Српска. „И тогаш, помалку од 24 часа по пресудата, американскиот Стејт департмент ја поддржа. Не го ни прочитаа како што треба, па ја изразија својата поддршка за Дејтонскиот договор. Ова е класичен пример за тоа што не е во ред со нашата надворешна политика и Стејт департментот со години“, рече Џулијани пренесе Макфакс