Авторот на серијата за момчето-волшебник Хари Потер, Џоан Роулинг со заработка од 95 милиони е најплатената славна личност во Европа.

Речиси половина од таа сума, во која не се вклучени даноци и други давачки доаѓа од претставата „Хари Потер и проколнатите деца“, чиј текст е објавен како книга во 2016 година и е продаден во 1,3 милиони копии. Претставата се игра во театрите во Лондон и Њујорк.

Според Форбс, Роулинг исто така е најплатен светски писател и трета од најплатените славни личности во светот.

 

На второ место е португалски фудбалер Кристијано Роналдо со 93 милиони долари, а по него се групата Колдплеј, пејачката Адел, тенисерот Роџер Федерер и готвачот Гордон Ремзи.

Бендовите U2, Ролинг Стоунс и One Direction беа во првите 10 на листата минатата година, но оваа година не се квалификувани ни во Топ 20.