Еден од најпознатите готвачи на светот во соработка со Ленд ровер и Јагуар создаде неверојатно возило кое, каде е преубаво, таму е и функционално за зависниците од готвење.
„Барав многу од Ленд ровер, а тоа што тие го направија ме изненади. Резултатот е овој фантастичен автомобил кој е совршен за мене и моето семејство. Го обожаваме. Оваа уникатна креација значи дека може да ги пренесеме нашите кулинарски вештини и авантури на следното ниво“ вели Џејми Оливер.
Не е познато дали ова возило ќе биде во серија и дали ќе биде понудено на пазарот, па и каква би му била цената, но факт е дека има се. Трпезарија, скара, ладилници, мешалки, лонци, тостер, лавабо.