Пејачката Џенифер Лопез и репер Џеј Зи ќе настапат на добротворниот концерт во Њујорк посветен на жртвите на ураганот што ги погоди САД и Карибите. Стриминг сервисот „Тид “, во сопственост на Џеј Зи, објави дека концертот ќе се одржи на 17 октомври во „Barkley Arena“ во Бруклин.
Меѓу учесниците ќе бидат Деди Јенки, Крис Браун, Иги Азали и ДЏ Калед. Џенифер Лопез, чии родители се од Порторико е родена во Њујорк. Таа веќе донираше еден милион долари пред неколку дена со кои треба делумно да се обнови Порторико од ураганот.
Американската пејачка Бијонсе, сопругата на Џеј Зи неодамна вети голема помош на родниот град Хјустон кој ја погоди бурата Харви.