Соиграчите од Рома Един Џеко и Костас Манолас имаа конфликт веднаш по дуелот на нивните селекции во Зеница по кој целата ситуација се запали и малку недостасуваше да дојде до голем инцидент. По крајот на средбата која заврши со 0-0, кои не и одговараат на Босна, а ја задржуваат Грција на второто место во групата Х, Џеко беше некоректен кон Манолас, а потоа конфликтот во кој се вклучија и други, единствено го гасеше селекторот на домаќините Меша Баждаревиќ.