Џафери го чека Заев, очекува Иванов да размисли за своето однесување

Претседателот на собранието на Р. Македонија Талат Џафери веднаш по средбата на Ѓорѓе Иванов и Зоран Заев на Водно рече дека е подготвен да свика седница на собранието и дека сега чека само на мандатарот Зоран Заев.
“Тоа може да е и за два и за пет дена, битно е дека пречките се отстранети”, вели Џафери.
Тој се осврна и  на целото делување на претседателот Иванов во минатиот период.
“Верувам дека додека е надвор од земјата ќе може да размисли колку и како тој влијаеше на целата ситуација” изјави Џафери со обзнанување на идејата дека институциите во иднина ќе мора да се позанимаваат со елиминирање на индивидуалното одлучување за круцијални прашања.