Златните времиња на бугарските градови близу границата со Македонија се минато, а драстичниот пад на трговијата е евидентен во Ќустендил, каде што сè повеќе бутици завршуваат под клуч поради отсуството на македонски купувачи, се жалат локалните трговци.
„Градот ни се намалува. Погледнете, нема луѓе. Како да не се затвораат продавниците. На ден не можам да направам обрт ни до 50 лева. Пред некое време кај нас пазаруваа Срби и доста луѓе од соседна Македонија. Сега нема кој да влезе“, вели за бугарските медиуми 56-годишна сопственичка на бутик за женска облека.
За растечкиот тренд на затворање на бутиците како причини се наведуваат и заминувањето на Бугарите на шопинг во македонските погранични градови, онлајн трговијата со употребувана облека и високите кирии. Средно голем бутик во центарот на градот се изнајмува за 300-400 лева, а има и за 150, но „зад грбот на Господ“.
„