Ќе ја жртвува ли ФИРОМ Македонија за евроатланските интеграции?

Американското вмешување во решавање на триаголникот Скопје – Софија – Атина може да продуцира значителна промена во еден од најстарите европски конфликти пишува британскиот портал shoutoutuk.org.

Откако Македонија и Бугарија си подадоа рака во необична презентација на пријателство меѓународната јавност повторно се заинтересира за заборавениот конфликт на Балканот, се вели во анализата во која се поствува и прашањето зошто македонскиот културен идентитет има толку експлозивност опасна за целиот регион.

Според анализата зад договорот потпишан меѓу Заев и Борисов стојат причини поврзани со студената војна.

По влезот на Црна Гора во НАТО Македонија е следна на листата на Вашингтон. Овој пат ситуацијата налага Софија да го прифати планот за влез на Македонија во НАТО и да почне да ги смета Македонците како партнери и сојузници за прв пат во својата историја.

Сепак македонските проблеми не можат да бидат решени без последниот елемент , името со Грција, смета порталот според кој за да се надмине проблемот мора да се направат компромиси а најреално е тоа да го стори Скопје кое што би можело да ја прифати привремената референца ФИРОМ како трајно име со цел да добие поддршка од Атина.

Посебен проблем за Македонија е мешаниот етнички состав на населението кој мора да се земе предвид при носење на било какво решение за проблемите, смета британскиот портал.