Македонскиот национален фудбалски тим вечерва од 19.45 на Телеком арената во Скопје има пријателска средба со 25-тата светска селекција, Турција. Тоа за нас е одлична можност за континуитет на позитивни изданија и добри резултати по двете мартовски победи. Но Турците кои се 111 места пред нас на ФИФА листата, сигурно не се Лихтенштајн или Белорусија иако во нашиот главен град доаѓаат во ослабен состав.
По дуелот со Турција нашата репрезентација продолжува во Скопје со подготовки за квалификацискиот натпревар за СП против Шпанија на 11. јуни на истото место.