Ќе се реконструираат долговите во АД „Пошта” и Железници- ОЈО и МВР да ги истражат задолжувањата

План за реконструкција на долговите на Македонска пошта и на МЖ-Транспорт и постигнување на нивна профитабилност, најави вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој кажа дека на ваков начин вработените во овие две државни акционерски друштва ќе можат редовно да земаат плата.

Се работи за 4.400 вработени во овие три претпријатија. Мора да најдеме баланс каде што луѓето дома ќе носат плата и мора да е така, затоа што на крајот на денот сите имаат семејства и треба да живеат, но од друга страна, мора да има и продуктивност како тоа би се оправдало. Со планот што го имаме за нив очекуваме стабилна ситуација до крајот на годината и веќе од следната година да зборуваме за развој – најави Николоски.

Според него, недозволива е задолженоста на Македонска пошта и на МЖ- Транспорт и ги повика МВР и Обвинителство да истражат.

Македонска пошта во моментов има отворен кредит кон една банка, кој,  според мене, е лихварски и тоа моите претходници само го оставале. Со раководството на Пошта тој кредит ќе го репреговараме, затоа што е недозволиво, на тој начин се уништува претпријатието. Исто така, МЖ-Транспорт има позајмици од МЕПСО, кои, според мене, се направени да го оптоваруваат претпријатието. Зошто е тоа правено во минатото ќе си открие Обвинителството. Врз основа на ревизорските извештаи, кои ги достави ДЗР до мене, повикав полицијата и Обвинителството да го истражат – рече министерот Николоски пред обраќањето на трибината: „Развој како услов за опстанок на македонското градежништво”, во организација на Градежниот факултет.

На трибината беше посочено дека има