Ќе се повтори ли Токио каде Дејан Георгиевски освои сребрен медал и во Париз е прашањето што се поставува откако македонската олимпијка Милијана Релиќ оствари фантастична победа против двократна олимписка шампионка.
Таеквондистката Рељиќ на неочекувано добар начин ги почна настапите на Олимписките игри во Париз во категоријата до 57 килограми.
Иако по ждребот со силниот противник таа беше речиси потпишана Релјиќ со одлука на судиите (2-1) успеа да ја победи Џејд Џонс од Велика Британија, која беше еден од главните фаворити на олимпискиот турнир.
Македонската олимпијка победи двократна олимписка шампионка од ЛОИ во 2012 и 2016 и трикратка победничка од европските првенства.
Младата членка на таеквондо клубот ,,Тигри” од Скопје беше знаменосец на македонскиот олимписки тим во Париз.