Во соопштение до медиумите заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, реагира на, според неа, „дезинформациите што кружат во медиумите“, дека проектот за автопатот Скопје-Блаце нема да заврши, објави „Независен“
„Вистината е дека првиот сегмент од 2 километри веќе е завршен и се очекува да биде отворен за сообраќај во следните два месеца“, вели Зеколи Шаќири.
За останатиот дел од автопатот, рече дека се разгледува можност за повторен проект за да се обезбеди поодговарачко и поодржливо решение.
„Овој повторен проект е неопходен поради погрешниот и нелогичен избор на траси од претходните раководители на ЈПДП, кои избрале планински терен кој е тежок и скап за изградба, без јасни причини“, вели таа.
Зеколи-Шаќири посочува дека од планираните 12 километри, 6 километри се предвидени да бидат тунели, што го прави овој проект изразито скап без јасни причини со проценета цена од околу 240 милиони евра за преостанатите 12 километри, односно околу 20 милиони евра по километар, што го прави овој проект еден од најскапите проекти по километар во регионот.
„Во моментов, како министерство, разгледуваме можности за алтернативна траса, која ќе поминува покрај постојната патека. “, вели Зеколи-Шаќири.