Измени на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните подготвувало Министерството за правда.
Планирано било тие измени да бидат донесени по скратена постапка, објавува Академик.
Референдумот е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето за одделни прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, за прашања од надлежност на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и за други прашања од локално значење.
Со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се уредуваат начинот и постапката за решавање и спроведување на референдум, покренување на граѓанска иницијатива, свикување и одржување на собир на граѓани, како и други прашања од значење за непосредно изјаснување на граѓаните.
Според Министерството за правда, постојниот текст на Законот не бил усогласен со текстот на Изборниот законик и со текстот на Законот за судовите.
Најавените измени, доколку е така, доаѓаат во момент кога дел од јавноста и од политичките партии сметаат дека за евентуална промена на уставното име на Република Макдонија ќе треба јавноста да се изјасни на референдум