По критиките од опозицијата дека учениците и студентите ќе претрпат најголема штета од кратењата со ребалансот кои што се најголеми во образованието, со објаснување на социјалните мрежи се јави советникот во министерството за финансии Бранислав Јовановиќ.
Тој застана во одбрана на Рената Десковска министерската за образование чиј ресор претрпи најголем удар од финансии.
Според Јовановиќ кратењата во министерството за образование се фокусирале на непродуктивни ставки.
„Трошоците кои се скратени кај образование се или трошоци што не можат да се реализираат или непродуктивни трошоци. Скратен е Кембриџ, скратена е барокната зграда на факултетот ФИНКИ, скратени се оние спортски сали и тениски игралишта што ги отвараше Груевски по селата, скратени се 4 милиони евра за интерактивни табли (добро читате, 4 милиони евра за интерактивни табли)“, напиша на Фејсбук дебата со новинари Јовановиќ.
И покрај кратењето буџетот во образованието сеуште е еден од најголемите со вкупно 388 милиони евра за оваа година.