Ќе почекаме за побрзо патување до Охрид и Штип

 

Изместувањето на трасата поради грешки во проектирањето и дополнителни трошоци кои што не биле дел од првичниот договор се причините за запирање на изградбата на двата автопати кои што се градат со кинески пари  Кичево-Охрид, и Миладиновци-Штип.

За ова премиерот Заев  ја информирал кинеската амбасадорка во Скопје но од владата нема детали кои се конкретните причини за запирање на двата најголеми инсфраструктурни проекти во земјава.

Не се знае кога и дали воопшто ќе продолжат работите на овие зафати од големо патно, туристичко и економско значење за Македонија.

Според документот од извештајот за состојбата со проектот, кој дел од медиумите можеле да ги видат се наведуваат серија проблеми и грешки. Според првичните проценки, штетата се проценува на околу 100 милиони евра. Во Владата и во Министерството за транспорт ќе се прават и дополнителни анализи на проблемот.

 

Проблемите треба да се решаваат со средби со кинескиот изведувач и со другите вклучени страни во проектите со цел изнаоѓање брзо решение.
Изградбата на автопатот Кичево- Охрид веќе неколку месеци е во застој. Извештајот на надзорот покажува дека причината за стопирањето е во сериозните грешки во проектот кои биле утврдени уште пред повеќе месеци.
Од Јавното претпријатие за државни патишта кое е договорна страна во проектот со кинеската компанија „Синохидро“ признаваат дека во проектот биле констатирани повеќе грешки, но велат, тие се исправале во процесот на реализација.

Изградбата на делницата од автопатот Мајка Тереза требаше да чини 373 милиони евра. На оваа делница беше предвидена изградба на 7 мостови, 22 вијадукти, 6 натпатници, 13 потпатници и еден тунел.