Ќе падне ли забраната за пушење во угостителски објекти?

Либерализацијата на пушењето во угостителските денес влезе во собраниска процедура на расправа во Комисијата за здравство каде покрај пратеници учествуваат и  претставници на стручната јавност.

Со законот се предвидува пушењето да биде дозволено на терасите и летните бавчи и во зимски услови и би требало да биде праведен за сите, а не како досега кога постоеше можност за  селективно казнување на угостителите.


Според предлогот, како што пренесуваат медиуми,на местата кај што се служи храна, нема да се пуши, а угостителите ќе имаат право да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.