На три дена до финалето од Купот на Шпанија во кое Барселона игра со Алавес, фудбалската јавност во светот се прашува, дали најдобриот играч на денешницата, или еден од најдобрите, Лионел Меси може да освои барем еден трофеј во сезоната или пак, ќе му се повтори 2014. година кога последен пат не успеа да дојде до пехар.

Меси е во очекување на 30. трофеј со Барселона со која во 2011. година и четири години подоцна, освојуваше по пет. Годинава веќе загуби четири од можностите: Примера, Лигата на шампионите, а со тоа и шансата за славје во Европскиот Супер куп, и за Светското клупско првенство.

Ако в сабота Барселона победи на Висенте Калдерон ќе има шанса и за триумф во шпанскиот Супер куп, во кој ќе се сретне со првакот од Ла Лига, Реал Мадрид.