Ќе оди ли министерката за финансии на подкаст кај потенцијални криминалци или ќе ,,оди” според законот?
Ова е прашањето што ја интересира јавноста откако денеска Стефан Лазаров партнер на криминалецот Бојан Јовановски алијас Боки 13 објави дека едвај чека министерката Гордана Димитриевска Кочоска да му дојде во подкаст.
Радио Лидер попладнево објави дека во случајот со наградната игра на Лазаров и Боки 13 има јасно прекршување на законот.
Предходно Канал 5 објави дека Министерството за финансии влегува во “фирмата” кај Лазаров и Боки 13, се огласи Стефан Лазаров кој според финансии заедно со Боки 13 организира наградна игра без дозвола од министерството.
Сега на потег е министерката за финансии која е позната како бескомпромисна во битката со криминалот и корупцијата.
Во објавата што ја пренесува Шило Магазинот Лазаров најавува дека од министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска ќе
бара заштита од Иван Мирчевски директор на Канал 5 за објавата која е став на министерството за финансии.
Осудениот криминалец Бојан Јовановски Алиса Боки 13 кој заедно со Лазаров организираат наградна игра засега молчи за случајот.
Реакцијата на Лазаров ја пренесува Шило Магазинот.
Поврзана вест
Радио Лидер: Осудениот за „Рекет“ и судениот за „Омраза“ во нов криминал!!!
Објавата на Канал 5
Канал 5: Министерството за финансии ќе истражува дали Боки 13 и Лазаров го кршат законот