Се разгледува можноста на референдумско изјаснување граѓаните да можат да се изјаснат за одземање на мандат на градоначалниците за да не се чека до завршување на мандатот ако не се задоволни од работењето на одреден Ова синоќа го соопшти претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски.

„Во минатото имало една пракса која што значела референдумско изјаснување на граѓаните, па подоцна било прекината во 2005 година. Го разгледуваме тоа како опција, но не исклучуваме и останати опции кои што ќе се разгледуваат. Овде не се работи за состојба во која што е засегнат Орце или останати поединци од нашата политичка партија, локални функционери, туку се работи за промени во системот со кои долгорочно ќе се решаваат проблемите.

Мораме да работиме на ваков механизам, вакво системско решение кое во перспектива од првиот ден кога некој ќе стане градоначалник и ќе му дадат граѓаните шанса, нема да чека да му помине мандатот и да ги користи бенефитите од сето тоа, а да не може народот да реагира. Ќе имаме еден одбранбен механизам за граѓаните да можат да реагираат во такви околности“, изјави синоќа за ТВ Сител Георгиевски.

Согласно постоечките законски регулативи нема можност Владата да реагира и да ги одземе ингеренциите на одреден градоначалник и посочи дека работна група работи на подготвувањето на измени во Законот за локална самоуправа, соопшти Георгиевски.