Доколку од утре дојде до зголемување на цените производите од таканаречената „есенска кошничка“ кои беа ограничени со маржа на 10 проценти, надлежните најавуваат жестока реакција.
Повеќе од 70 основни прехранбени производи уште денеска ќе бидат со ограничена бруто-профитна маржа со мерка на владата донесена на 20 септември.
На листата на т.н. есенска кошничка беа 73 производи меѓу кои – леб, тестенини, брашно, пекарски производи како бурек и банички со месо и сирење, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, масло за јадење и дел од конзервираните производи.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека доколку дојде до дивеење од страна на трговците ќе ги искористат сите алатки што им стојат на располагање со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
И министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека ќе бидат донесени поригорозни мерки ако има драстично зголемување на цените …