Барање за преиначување на пресуда без повторување на судската постапка поднел до Апелација Бојан Јовановски познат како Боки 13 за случајот „Рекет“ – дознава Радио Лидер од извори во судот.
Како што дознава Радио Лидер од Вишото јавно обвинителство предлогот е да се одбие ваквото барање кое Јовановски го поднесува поради наводни здравствени проблеми и наводен инвалидитет потврден од лекарски конзилиум.
По повеќе линии од правосудството се врши притисок кон Аплеција да се прифати барањето на Боки 13, иако правен основ за ова барање имаат само оние кои одлежале најмалку две третини од затворската казна, брифира извор од Вишото јавно обвинителство за Радио Лидер.
Јовановски до овој момент има одлежано само една третина од истата.
Повеќи детали овде