Ќе го прават „Ватикан одново голем“: Ултра конзервативци против наследството на Франциско

Група тврдокорни конзервативни католици вршат притисок следниот папа да биде подобро усогласен со нивниот поглед на светот – и се чини дека не се плашат да користат тактики на оцрнување за да ги дискредитираат кандидатите што не им се допаѓаат, објави Политико



Со влегувањето на кардиналите во Систинската капела на 7 мај за да започнат со изборот на следниот папа, непријателите на покојниот папа Франциско,  во и надвор од групата што ќе го избере, се мобилизираат.

Гласна фракција која го дискредитираше Франциск како еретик, антипапата, па дури и „Антихрист“ поради неговиот наводно либерален поглед, чекаа настрана.

Сега гледаат време да опструираат.

Конзервативците беа налутени од помирувачкиот став на Франциск во врска со истополовите заедници и развод, одбраната на мигрантите и договорот на Ватикан со Кина, кој му даде на Пекинг право на глас во назначувањето на католички бискупи.

Некои конзервативни влијателни личности се залагаат за поддршка на крајнодесничарските кандидати за следниот папа, како што е епископот Атанасиј Шнајдер од Казахстан, кој вели дека бегалците во Европа се дел од „масовна инвазија“ насочена кон исламизација, оркестрирана од политичките елити за ослабување на христијанскиот идентитет на континентот.

Други потенцијални имиња што ги споменуваат конзервативците се кардиналот Роберт Сара од Гвинеја – цврст поддржувач на литургиите на латински јазик – и американскиот кардинал Рејмонд Бурк, архитрадиционалист и поддржувач на Доналд Трамп.

„Сведоци сме на парадокс – раководството е полиберално, но гледаме огромно зголемување на конверзиите и традиционализмот“, рече Џон Јеп, извршен директор на конзервативната организација „Католици за католици“, која неодамна организираше молитвен настан за Трамп во неговиот имот Мар-а-Лаго за 1.000 долари по билет.

„Кардиналите сфаќаат дека додека некои од религиозните водачи се либерално настроени, верниците во нивните матични земји се сè поконзервативни. Ова ќе им биде на ум кога ќе влезат во конклавата“, додаде тој.

Јеп истакнува дека 56% од католиците гласале за Трамп. „Истиот овој електорат гледа кон Рим и сака папа кој е традиционалист и силен сојузник на САД и нашите позиции, на пример по прашањето за безбедноста на границите.“

Американски сенатор: Ватикан да го земе предвид Трамп за папа