Според дел од македонските медиуми учесниците во тепачката на граничниот премин кон Грција Богородица се македонски граѓани но според медиумите во Србија извесно е дека се работи за српски државјани.
Во видеото кое што е снимено од патник од Србија а објавено на српски медиуми и социјалните мрежи се гледа како еден човек по вербална расправија со возач на возило најпрвин со нога а потоа и со рака врши физички напад по што се оддалечува од местото на инцидентот.
Според сведоци на тепачката напаѓачот возел автомобил со регистерски таблички БГ што значи дека е од Белград а нападнатиот е со регистерстки таблички ПА односно од Параќин.
Во дел од коментарите на социјалните мрежи се бара српските власти да го идентификуваат напаѓачот и да му поднесат кривична пријава а истото можат да го сторат и македонските власти на чија територија се случила тепачката во која за среќа нема потешко настрадани.
https://www.facebook.com/GrckaInfopage/videos/1450666854972408/