Кошаркарите се во Талин каде денеска (17.30) ги очекува последната средба од претквалификациите за Светското првенство од која зависи дали ние ќе играме во квалификациите во европскиот дел за азискиот шампионат, или ќе останеме меѓу последните, најслабите селекции на стариот континент.

Еве што ни е потребно против Естонија. Пред се победа, каква и да е, мала, средна, голема, иста како таа во Скопје, небитно, зошто само така можеме да го анулираме домашниот пораз од пред десет дена кога Балтичката селекција не совлада со 80-76. Самиот резултат вели дека најдобро би било да славиме со 5 разлика и за нас, се позитивно да заврши, и ништо натаму да не не интересира, да не очекуваме, бидејќи во тој случај би биле со половина од можните бодови и со подобар кош количник, и од Естонија и од Косово. Тоа по лошиот старт би бил идеалниот завршеток, и неважно е по се, дали ќе бидеме први или втори на крајот од натпреварите во групата Ц.
Ако славиме со помалку од 4 односно 5 разлика се би било безмалку исто, но затоа ако загубиме ќе мора да се повикаме на другото сценарио во кое ние немаме улога или сме во позиција да чекаме Естонците в сабота да победат во Косово и нам да ни овозможат со само една победа и подобар кош количник од Косоварите, како втори да одиме натаму.

Дилемата околу искусното крило Димче Тасовски е расчистена и тој е во Талин иако е неизвесно дали ќе може да помогне по повредата стекната во саботата против Косово.