Неверојатно тврдење на уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев кој открива информација која е тажна, срамна и нечовечна.
Според информациите на Златев пратеник во македонското собрание се откажал од идната сопруга затоа што партискиот лидер не можел да ги поднесе критиките од неговата девојка.
Откако лидерот на партијата дознал дека сопруга на кандидат за пратеник го критикувала пред партиски членови тој побарал кандидатот да ја прекине врска со својата љубов ако сака да биде на пратеничката листа, открива Златев.
Партијата во која се случува оваа љубовно политичка лакрдија се уште е без реакција на скандалозната информација.
Целата информација на Златев.
Пред месец дена дознав една информација која до ден денешен не можам да ја сварам. До овој момент не можам да верувам дека Левица е таква секта и дека во 2024 луѓе може самите себеси да се понижат до тоа ниво.
Имено, ми сведочеа дека Апасиев го натерал еден од пратениците на Левица да раскине со неговата долгогодишна девојка, со која планирале дури и брак, само затоа што таа во некоја пригода пред сопартијци кажала дека некој дел од некој негов говор не и се допаѓа. Значи не кажала ништо навредливо за него (ПА ШТО И ДА КАЖАЛА???), само рекла дека тоа и тоа што го кажа Апасиев не и се допаѓа.
По ова, Апасиев го повикал тогашниот потенцијален кандидат за пратеник а сегашен пратеник и му рекол да бира дали сака да стане пратеник или да остане со тогашната девојка.
Верувале или не, идиотот кој сега е пратеник го послушал партискиот лидер и за да не го изгуби пратеничкото место ја напуштил девојката во чиј стан живеел до тој момент. Се спакувал, и наместо љубов одбрал 2000 евра плата! Замислете какво себе-понижување е ова…
Сума сумарум, девојката очигледно се спасила од будала, чим го направил ова…
Ми сведочеле дека лудакот во просторија заклучувал луѓе, се заканувал и се и сешто…
Гледајќи го денешното насилство и примитивните пцовки на Апасиев во Собранието, дури размислувам и да ја напишам првата книга во мојот живот… Би го имала насловот “Црвената секта – сведоштва за Апасиев”…