Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ го коментира задолжувањето од Конгресот на САД на секретарот за одбрана Џејмс Матис да изготви извештај за безбедносната соработка на Русија со пет земји од Балканот поединечно, вклучувајќи ја и Македонија, од 2012 година наваму, оценувајќи го потегот како почеток на голема битка на двете суперсили за полуостровот.
„Напнатите односи на САД и Русија би можеле во 2018 година дополнително да се заострат, и тоа на Балканот и околу него, околу четирите сè уште ‘непридружени’ држави, кои не се во евроатлантските интеграции – Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, како и уште со петта земја – Црна Гора, која од неодамна е во НАТО, но сè уште води преговори со Брисел“, пишува „Јутарњи“.
Констатирајќи дека Русија ги губи сојузниците поради ширењето на НАТО и на ЕУ, па сака да сочува какво било влијание во наведените земји, а САД, по занемарувањето на Балканот откога во Белата куќа влезе непредвидливиот Доналд Трамп, реши повторно да му посвети внимание на регионот.
„Македонија би можела веќе во 2018 година да биде апсолвирана на ‘штета’ на Русија. Имено, можно е постигнување решение околу името на државата со Грција. На власт е кооперативната влада на Зоран Заев, па се очекува дека во 2018 година Македонија би можела да направи решавачки чекор кон НАТО“, се заклучува во написот.