Прекрасната канадска тенисерка во февруари во текот на „Супер боул“ финалето меѓу Њу Ингланд и Атланта се обложи со еден нејзин фан дека нема начин како Патриотс можат да го свртат мечот со Фалконс, а притоа вети дека ако тоа се случи, ќе му даде шанса на Џон да излезе со неа.
Патриотс од 3-28 направија незаборавен пресврт до 34-28, а Јужин Бушар мораше да излезе со Џон Герке. Интересно е тоа што преубавата 22-годишна тенисерка и нејзиниот обожавател не останале на едно излегување и дека деновиве се видени по втор пат. И да биде попровикативно фотката од средбата број 2 е од домашен амбиент, па уште и на кревет.
И потоа нека рече некој дека нема добивка во обложувањето.