ЈСП добива 6 еколошки автобуси, донација од ЕУ

Во седиштетот на ЈСП во скопска Автокоманда делегација на Европската Унија денеска ќе му предаде шест нови еколошки автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

„Европската Унија ги испорача шесте нови автобуси за потребите на Град Скопје во рамките на програмата „ЕУ за чист воздух“ финансирана од ЕУ, која е управувана од УНОПС, а ги опфаќа и Битола, Куманово и Тетово.

Автобусите работат на компримиран природен гас и го исполнуваат стандардот ЕУРО 6; намалените емисии на CO2 ќе придонесат за подобар квалитет на воздухот во главниот град“ изјавија од Европската Унија.