ЈП „Национални  шуми“ е длабоко во долгови и тоа Не десет, туку повеќе од 20 милиони евра, е долгот на ЈП „Национални  шуми“ вели новиот директор Здравко Трајанов а Дејли Клик на ТВ21.

Кога станал директор, наследил претпријатие е во лоша состојба во сите можни аспекти, без плати и осигурување на вработените и без нафта да се излезе на терен.

Причината за долговите Трајанов ја гледа и во фаткот што во последно време се ангажирани 450 лица на неопределено време.

На последниот конкурс 320 биле примени како сечачи и носачи, од нив само 2% се шумски работници, додека сите останати се административци, поради што претпријатието заглавило дополнително долгови.

Директорот Трајанов во Дејли Клик рече дека очекува овие вработени да ги почитуваат нивните наредби и работата за која се примени или во спротивно има закон за оние кои не го почитуваат работното место и не ги почитуваат правилата.

Што се однесува до другите злоупотреби во Јавното претпријатие, рече дека тие се последица на доделувањето на многу тендери на приватни фирми, чии магацини се полни со дрва, а има подружници на Претпријатието кои немаат дрва.